ЗА НАС

Драги гости, Добредојдовте во Вила Михаела. Лоцирана на само 7 километри (13 минути) од строгиот центар на градот, нашата вила е совршено место за релаксација и бегство од градскиот метеж. Без разлика дали вашата посета е поради бизнис или пак задоволство, ние ќе се потрудиме да ви овозможиме пријатен престој. Доживувањата, предизвиците, и искуствата од нашите многубројни патувања низ светот и нашата страст кон туризмот не инспирираа да создадеме простор кој ќе одговара на потребите на сите видови посетители, од авантуристи, патници или групи на туристи до транзит гости кои поминуваат покрај Скопје.

Нашата желба на најдобар начин да им го претставиме градот Скопје на нашите гости не мотивира да креираме посебни персонализирани и групни тури низ градот и околината. Доживејте го Скопје на посебен начин и уживајте во вашето време овде.

Сите оние кои имаат потреба од комотен и пријатен простор за состаноци, тим-билдинг, мали конференции, семинари или презентации на своите производи или услуги се добредојдени во просториите на Вила Михаела.

Ве очекуваме.

Тимот на Вила Михаела

image
Краток опис

Работи со кои располага Вила Михаела

  • 17 Соби
  • Простор за забава
  • Сопствен паркинг
  • Теретана
  • Wi-Fi
  • Библиотека
  • Просторија за пушење
  • Мини бар
  • Кујна